ДОМА

ЕКСТРА ЕКСТРА: Гледајте го нашиот
ANNOUNCEMENT TEASER
за проектот на кој работиме!  

 

Добредојдовте на официјалниот сајт на КАМАј МЕДИА.

 

Од рушевините на пост-социјалистичка Југоисточна Европа, една група ентузијасти на поле на уметност и технологија започнаа со нивната мисија: да поставуваат места на мапи, да пробиваат патишта низ непробојни џунгли, да ја зголемуваат работната ефикасност и да ја намалуваат ентропијата во Вселената (само локалната, се разбира). Нивната алатка: правење видео игри; нивниот мотив: неограничена страст за играње игри; нивната иновација: игри што те играат а не што ги играш! Уствари, ова последново и не баш.



Нашиот малечок тим моментално работи на технологијата која ќе ни донесе струја во нашето подземно дувло, што ќе ни овозможи да си ги вклучиме нашите машини, да видиме што сме нацртале, да ја внесеме нашата иновативна технологија и конечно да го одговориме прашањето кое го мачи човештвото со генерации: „Од каде доаѓа струјата?“